Лице барано од Интерпол Австрија приведено на „Ќафасан“

 Лице барано од Интерпол Австрија приведено на „Ќафасан“

На 30-ти декември 2020 година, во 16:30 часот на Граничниот премин „Ќафасан“ од полициски службеници приведен е 36-годишниот М.Ф. од Република Албанија.

– По извршените проверки констатирано е дека лицето е евидентирано во стоп-листата со мерка „Апси“ по барање на Интерпол Австрија. Лицето е предадено во Полициска станица Струга за понатамошна постапка, информираат од МВР. (Крај)

извор: МВР