Лице од барано од Интерпол приведено на „Ќафасан“

 Лице од барано од Интерпол приведено на „Ќафасан“

На 21-ви мај 2021 година, во 10:50 часот на Граничен премин „Ќафасан“ од полициски службеници е лишен од слобода 32-годишниот Е.Р. од Република Албанија.

– При извршена пасошка контрола било констатирано дека истиот евидира на стоп-листа со мерка „апси“ издадена од Интерпол Скопје. Лицето е предадено на полициски службеници од Полициска станица Струга за понатамошна постапка, информираат од МВР. извор: МВР

>
>