Лице од Охрид заразено од британскиот сој на COVID-19

 Лице од Охрид заразено од британскиот сој на COVID-19

epa08740245 An ambulance carrying patient infected with COVID-19, arrives to the University Clinic for Infectious Diseases in Skopje, Republic of North Macedonia, 13 October 2020. The number of newly infected COVID-19 patients in North Macedonia has been on the rise in the past ten days. EPA-EFE/GEORGI LICOVSKI

Два нови случаи на британскиот сој на вирусот се откриени во Македонија, објави на неговиот профил на Twitter д-р Горан Кунгуловски од Лабораторијата за генетика и персонализирана медицина при Клиниката „Жан Митрев“.

Според Дојче веле, станува збор за заразени лица од Скопје и од Охрид. Едниот случај е од 4-ти јануари, кога бил потврден позитивен тест кај заболениот, кој за жал починал како последица на вирусот. Вториот случај е од 18-ти јануари, а заболениот бил отпуштен од лекување пред три дена.

Претходно беше детектиран британскиот сој кај 46-годишен маж од Скопје кој веќе оздравел, но во лабораторијата на МАНУ беше најавено дека ќе се прават дополнителни анализи. Ќе се испитува можноста да не има и други заразени со овој опасен вирус, особено од последниот кластер на Клиниката за нефрологија, каде за краток период има десетици заболени. Лекарите алармираат дека поради тоа што многу лесно се пренесува за разлика од другите мутации, веројатно за неколку месеци ќе стане доминантен во земјата, како и во многу други земји во светот.