• 23/09/2020

Лидерите од Западен Балкан се среќаваат во Тирана

 Лидерите од Западен Балкан се среќаваат во Тирана
loading...
Advertisement

Премиерот Зоран Заев ќе учествува на дводневниот состанок на лидерите од Западен Балкан во Тирана, во рамките на иницијативата мини-шенген.

Иницијативата чија цел е интензивирање на регионалната соработка претставува продолжение на средбите од Нови Сад и од Охрид на Заев и Рама со српскиот претседател Александар Вучиќ.

Декларација со која се предвидува минување на границите со  лична карта, брзи ленти за камионите и меѓусебно признавање на дипломите, придружена со Акциски план од десетина мерки за нејзино спроведување, беше усвоена на трилатералната средба во Охрид минатиот месец.

Рама тогаш најави дека на наредната средба се очекува да присуствува и новиот висок претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност Жозеп Борел.