Ликвидиран припадник на Пинк Пантер во Белград (ВИДЕО)

Ликвидиран припадник на Пинк Пантер во Белград (ВИДЕО)

Александар Шарац (35), член на криминалната организација Пинк Пантер, е застрелан денеска околу 16 часот во гаражата на Трговскиот центар Уже во Белград. Како што дознава Телеграф.рс, напаѓачот и пришол на жртвата во моментот кога таа се приближувала до нејзиното возило Мерцедес и испукал два истрела во главата, а потоа избегал.

Полицијата веднаш го однела застреланиот до Ургентниот центар, каде починал.

Шарац не е прва цел на нападот. Во јануари 2019 година, медиумите пишуваа дека тој бил мета на нападот во кој беше убиен неговиот зет Небојша М.

Шарац имал подебело криминално досие, учествувал со неговата банда во грабеж за време на операција во Милано во септември 2016 година, во една луксузна продавница за накит. Во тоа време беше уапсен, а украдениот накит вредеше стотици илјади евра, пишуваа тогаш италијанските медиуми.

Шарац беше уапсен во Србија по меѓународна потерница, а беше ослободен од затвор кон крајот на 2018 година.

Можеби ке те интересира




This will close in 0 seconds