Лопата е за слабаци – со фрлач на оган чисти снег пред куќа (ВИДЕО)

 Лопата е за слабаци – со фрлач на оган чисти снег пред куќа (ВИДЕО)

Жител на Кентаки стана сензација на Интернет откако беше снимен како расчистува снег пред својата куќа со пламенка.

Сопственикот на куќата во Ешленд, град на северо-исток на државата, сепак имал други планови. Зошто лопата кога можете едноставно да го стопите снегот со оган.

„Еве начин за брзо отстранување на снегот“, е коментарот на соседот преку улицата кој ја сними необичната сцена.