Луѓето од Балканот масовно заминуваат во „земјата без стрес“: Платите се високи, а им требаат и работници

 Луѓето од Балканот масовно заминуваат во „земјата без стрес“: Платите се високи, а им требаат и работници

Ова е земја со потенцијал во која секој може да се пронајде себеси и да заработи за добар живот.

Неколку децении наназад од Балканот луѓето заминуваат во Германија, Австрија, Швајцарија, сè со цел да работат таму, но и да имаат подобар живот, а во последно време исто така тие се селат и во Шведска.

Во тие земји веќе имаат свои квартови, а неретко на улиците може да се слушне „нашиот јазик“. Сега се отвораат границите и за некои други земји кои нудат пред сè – вработување.

Норвешка е држава со голем потенцијал, во која лесно може да се пронајдете себеси и да заработите за добар живот.

Жена од Хрватска која релативно скоро се преселила во Норвешка секојдневно споделува искуства на својот Инстаграм профил од животот во таа земја.

Најчесто таа снима видеа во кои објаснува каков е животот во Норвешка, што е невообичаено во однос на Балканот и како да се најде работа.

Таа тврди дека на Норвежаните моментално хронично им фалат работници: од медицински лица, до градежни работници, просветни работници…

Таа исто така објаснила дека од оној момент кога ќе добиете ID, вие можете да се пријавите во Заводот за вработување кој таму се нарекува NAV. Тогаш тамошните луѓе ви помагаат да пронајдете работа, а покрај тоа постојат и приватни агенции за вработување.

Исто така може и самостојно да испраќате молби, односно CV за работа во фирми кои ви се допаѓаат.

Накратко, ID е личен матичен норвешки број и со негова помош може да направите многу во државата.

При барањето работа секогаш предност имаат оние кои го знаат норвешкиот јазик, што е логично.

Просечната плата во Осло моментално изнесува околу 3.000 евра и е една од најголемите заработки на ниво на европските престолнини. Но, треба да се има предвид дека таму трошоците за живот се поскапи, особено месечната кирија.

Тоа што секој треба да го знае за животот во Норвешка:

1. Паролата „Ikke stress“ што значи „без стрес“ важи во оваа земја. Норвежаните сметаат дека животот без стрес е најдобар и дека истиот не треба да се живее низ таа призма.

2. Норвежаните се возачи и свирењето во сообраќајот е недозволиво, а поради тоа животот таму е значително помирен за разлика од Балканот. Сите секојдневни задачи се одвиваат споро поради тоа што нивната парола е „што не може да се направи денес, утре ќе биде направено“.

3. Норвешка е една од најретко населените држави во Европа, а во неа живеат околу 250 различни нации.

4. Општопознато е дека е извонредна скандинавска земја која изобилува со природа, особено шуми. Норвежаните сакаат разни спортови, сите вежбаат и се во добра форма.

5. Децата во училиштата во Норвешка до осмо одделение немаат оцени за да не го доживуваат тој вид на стрес до таа возраст. Исто така сите државни факултети се бесплатни, а само приватните училишта се плаќаат.

6. Алкохолни пијалаци може да купите само во специјализирани продавници поради тоа што на тој начин Норвешка сака да го намали алкохолизмот меѓу своето население, а исто така успева во тоа.

x