Лукаку не мрда од „Џузепе Меаца“: Среќен сум, сакам трофеи со Интер!

 Лукаку не мрда од „Џузепе Меаца“: Среќен сум, сакам трофеи со Интер!

Британските медиуми минатите недели шпекулираа дека Белгиецот би можело да се врати во Премиерлигата, но тој вели дека сака да остане на „Меаца“ и да се бори за трофеи.

„Минатата година беше добра, но оваа сезона е најдобрата во мојата кариера. Одлично е и се надевам дека вака ќе продолжам, на сите сакам да им се заблагодарам, навистина сум среќен. Среќен сум поради сите навивачи на Интер ширум светот, поради екипата, вработените, поради претседателот. Ова е одлична сезона и навистина сум горд што играм за Интер“ изјави Лукаку за „Скај Италија“.

Белгискиот голгетер е еден од најзаслужните за добрите резултати на Интер, тој на 41 меч во сите натпреварувања сезонава постигна 27 гола, од кои 21 во првенството.

За неговите услуги заинтересирани се Манчестер Сити и Челси, но тој има уште 3 години од договорот со клубот од Милано.

>
>