Лукаревска: Од 2023 до 2.100 денари за скенирање фискални сметки преку „Мој ДДВ“

Лукаревска: Од 2023 до 2.100 денари за скенирање фискални сметки преку „Мој ДДВ“

Сања Лукаревска, директорката на Управата за јавни приходи, најави дека од 2023 година ќе се зголеми лимитот за граѓаните за поврат на ДДВ од скенирање на фискални сметки од сегашните 1.800 на 2.100 денари по тромесечие.

– Сакам да ве информирам дека во наредниот период, координирано со министерот за финансии, ќе поднесеме предлог-измена на законот за поврат на дел од ДДВ-то на физичките лица. Оваа измена е со цел од наредната година, од 1 јануари 2023, да се зголеми лимитот за поврат на ДДВ со што граѓаните наместо 1.800 денари за тромесечје, ќе можат да добија 2.100 денари максимален износ, најави Лукаревска.

По три години откако е воведена оваа контролно-стимулативна мерка позната како „Мој ДДВ“ кај граѓаните се вратени 60,3 милиони евра, а бројот на корисници е околу 460.000.

Најмногу скенирани фискални сметки има од бензинските пумпи, мали и големи маркети, продавници за бела техника и облека.

Можеби ке те интересира




This will close in 0 seconds