Мадридско чудо: Се очекувало ситуацијата со коронавирусот да биде се полоша, а потоа уследил пресврт! На никого не му е јасно што се случило

 Мадридско чудо: Се очекувало ситуацијата со коронавирусот да биде се полоша, а потоа уследил пресврт! На никого не му е јасно што се случило

Пред помалку од два месеци од престолнината на Шпанија доаѓале нималку оптимистички бројки кога станува збор за епидемиолошката ситуација. Кон крајот на септември ситуацијата покажаувала 813 случаи на зараза на 100.000 жители, додека другите шпански покраини бележеле помалку од 500. Се очекувало ситуацијата да биде се полоша, но дошло до пресврт.

“El Mundo” целата ситуација ја нарекува “мадридско чудо”. 

Додека поголем дел од Европа е заклучена, баровите и рестораните на шпанската престолнина се полни до полноќ. Без разлика на тоа, бројот на пациенти со коронавирус се намалува. Моментално на 100.000 жители се бележат 328 случаи.

Што се случило во Мадрид?

“Тоа е прашање за милион долари”, вели епидемиологот Хозе Онај Оеда за “El Mundo”.

Тој смета дека станува збор за антигенските тестови кои мадридските власти ги купиле пред два месеци и тоа во количина од пет милиони, што помогнало во омасовување на тестирањата. Сепак, предупредување дека ова може и да е пребрз заклучок.

“Тоа беше исправна одлука. Тоа ја олеснува дијагнозата, побрзо е и поевтино. Така можете порано да ги изолирате заразените луѓе”, објаснува Охеда.

Мадрид се држи и до политика на поединечно затворање на окрузи, односно ако некаде се бележат голем број на случаи, полицискиот час стапува на сила во 22 часот. Изгледа дека и тоа дава резултати. Десет од 32 претходно затворени окрузи веќе се отворени бидејќи бројот на заразени се преполовил.

Исто така, локалните медиуми ја истакнуваат и индивидуалната одговорност како една од причините за “мадридското чудо”. Шокот и трауматичните искуства со коронавирусот на пролет оваа година држат многу Шпанци во своите домови.

Сепак, има и такви кои се скептични кога станува збор за овие оптимистички бројки – каталонските здравствени власти тврдат дека постои застој во информациите и дека постои сомнение во веродостојноста на податоците, пред се поради непрецизноста на антигенските тестови.

Меѓутоа, дури и ако бројот на заразени не кажува доволно, тогаш овој напредок секако го покажуваат болничките бројки. Имено, наместо 2.500 хоспитализирани пациенти дневно како во септември, сега се околу 200.