Магични италијански гратчиња нудат по 28.000 евра за млади луѓе да се преселат таму – би прифатиле ли?

 Магични италијански гратчиња нудат по 28.000 евра за млади луѓе да се преселат таму – би прифатиле ли?

Италијански гратчиња од јужниот дел на земјата, во регионот Калабрија, им нудат по 28.000 евра на луѓето што се подготвени да се преселат таму. Се нудат можности за преселување покрај море, но и во планински предели.

Со цел да го зголемат населението во местата што имаат по околу 2.000 жители, властите во јужниот италијански регион Калабрија дошле до несекојдневно решение – им нудат финансиски средства на сите млади луѓе до 40 години, кои треба да бидат подготвени да се преселат 90 дена по успешната апликација.

Меѓу гратчињата што ќе бидат опфатени со програмата се и гратчињата Санта Северина, Сан Донато ди Нинеа, Сант Агата дел Бианко, Бова и други. А гратчето Абидона веќе е опфатено со понудата со којашто доселениците може да купат куќи по цена од 1 евро.

Italijanski-gratchinja-nudat-po-28000-evra-za-mladite-shto-kje-odluchat-da-se-preselat-tamu-no-02.jpg

Како што пренесува CNN, ваквата понуда секако има и услови. Тие што ќе се преселат таму треба да бидат подготвени или да отпочнат мали бизниси, или да прифатат веќе постоечки понуди кај одредени професионалци, кои се бараат во градовите.

Italijanski-gratchinja-nudat-po-28000-evra-za-mladite-shto-kje-odluchat-da-se-preselat-tamu-no-03.jpg

Со оваа понуда, властите се надеваат дека ќе привлечат младо население што е работоспособно и подготвено да работи. Така, месечно може да се добиваат од 800 до 1.000 евра во период од две до три години. Дополнително, може да се добие и еднократна парична помош за поддршка за развој на нов бизнис.

Italijanski-gratchinja-nudat-po-28000-evra-za-mladite-shto-kje-odluchat-da-se-preselat-tamu-no-04.jpg

Тамошните власти најавуваат дека засега сè уште се утврдуваат деталите за тоа колкав ќе биде износот што месечно ќе го добиваат луѓето што ќе одлучат да се преселат таму, и дали во понудата ќе бидат вклучени и населените места до 3.000 жители.

Погледнете уште неколку фотографии во продолжение:

Italijanski-gratchinja-nudat-po-28000-evra-za-mladite-shto-kje-odluchat-da-se-preselat-tamu-no-05.jpg
Italijanski-gratchinja-nudat-po-28000-evra-za-mladite-shto-kje-odluchat-da-se-preselat-tamu-no-06.jpg
Italijanski-gratchinja-nudat-po-28000-evra-za-mladite-shto-kje-odluchat-da-se-preselat-07.jpg
>
>