Мајк Тајсон по 15 години се враќа во ринг

 Мајк Тајсон по 15 години се враќа во ринг

Педесет и четиригодишниот Тајсон својата последна борба ја имаше во 2005 година, додека 51-годишниот Рој Џонс последен пат боксуваше пред две години.

Мајк Тајсон, поранешен шампион во бокс во тешка категорија, со борбата против Рој Џонс закажана за 29 ноември, за првпат по 15 години ќе се врати во рингот, јавува Агенција Анадолија (АА).

Дуелот меѓу Мајк Тајсон и Рој Џонс ќе се одигра на „Дигнити хелт спортс парк“ (Dignity Health Sports Park) во американскиот град Лос Анџелес, додека во живо ќе се емитува на ТВ-каналот „S Sport Plus“.

Педесет и четиригодишниот Тајсон својата последна борба ја имаше во 2005 година, додека 51-годишниот Рој Џонс последен пат боксуваше пред две години.

Исто така, битката помеѓу двајцата боксери ќе се одвива во 8 рунди.

Тајсон во својата кариера има 50 победи и 6 порази, додека во 1986 година, кога имаше само 20 години, по победата против Тревор Бербик, ја доби титулата најмлад шампион во тешка категорија.

Џонс во својата кариера има 66 победи и 9 порази, а стана шампион во четири различни категории.