Мајка си го ризикувала животот за да го спаси синот кој имал хепатит – донирала дел од нејзиниот црн дроб

 Мајка си го ризикувала животот за да го спаси синот кој имал хепатит – донирала дел од нејзиниот црн дроб

Кога 33-годишната Клер дознала дека на нејзиниот син итно му е потребна трансплантација на црниот дроб за да може да преживее, без двоумење се пријавила како донор, без разлика што лекарите ѝ рекле дека си го ставa животот во сериозна опасност. За среќа, операцијата поминала одлично, па сега и мајката и синчето се во добра состојба.

Емотивната приказна на Клер ДеСтратис од Австралија е доказ за тоа дека мајчината љубов не знае за граници. Клер е мајка на три деца, од кое едното се заразило со хепатит, кој предизвикува воспаление на црниот дроб. Ситуацијата му се влошила до тој степен, што 6-годишното момче морало да добие трансплантација на црниот дроб за да му го спасат животот.

Кога лекарите ѝ кажале на Клер дека таа е погоден донор, мајката без двоумење се согласила, без разлика што ѝ нагласиле дека постои ризик таа да го изгуби животот во операционата сала.

majka-si-go-rizikuvala-zhivotot-za-da-go-spasi-sinot-koj-imal-hepatit-donirala-del-od-nejziniot-crn-drob-02.jpg

За среќа, после 6-часовната операција на Клер и 12-часовната операција на Џејк, и двајцата се во добра состојба.

„Не требаше ни да размислувам. Кога Џејк беше болен, јас немав никаква контрола. Но, кога дознав дека можам да бидам донор, повторно си ја вратив контролата“, вели Клер која и самата е медицинско лице.

majka-si-go-rizikuvala-zhivotot-za-da-go-spasi-sinot-koj-imal-hepatit-donirala-del-od-nejziniot-crn-drob-03.jpg

„Обично лекарите не сакаат да користат живи донори, но ситуацијата беше итна. Не можеа да го чуваат на машини и, буквално, му преостануваа само неколку денови живот. За среќа, сè заврши добро. Хирурзите рекоа дека делот од дробот што го донирав бил добар и дека функционира одлично. И тие се пресреќни за успешната операција“.

Џејк се заразил со вирусот во февруари, додека бил на училиште. Кога состојбата почнала да му се влошува, веднаш го однеле на интензивна нега. Џејк се наоѓал на врвот на листата за чекање за трансплантација на црн дроб, откако лекарите утврдиле дека мораат да го оперираат што побрзо. Тогаш, Клер и нејзиниот сопруг истапиле како донори, а лекарите им кажале дека Клер е погоден донор.

„Одеше на училиште само 11 денови, кога се зарази со вирусот. Повраќаше, потоа очите почнаа да му пожолтуваат. Го однесов на болница и дури да се свестам, веќе беше приклучен на машини. Кога открија дека има хепатит, се надевавме дека самиот ќе закрепне, но состојбата му се влоши. Беше престрашно и сè се случи во рок од две-три недели.

Тој беше толку здраво и шармантно момче. Оштетениот дроб не ги отстрануваше токсините од неговото тело, па тој беше во делириум. Буквално полудуваше, а лекарите ни кажаа дека се однесува како пијана личност и дека не е свесен што прави“, раскажува мајката.

majka-si-go-rizikuvala-zhivotot-za-da-go-spasi-sinot-koj-imal-hepatit-donirala-del-od-nejziniot-crn-drob-05.jpg

Иако целото искуство било многу трауматично, Клер и нејзиниот синче сега се добри. Клер, пак, им е неизмерно благодарна на хирурзите кои ја правеле операцијата.

„Уште чувствувам болка бидејќи ќе ми требаат шест недели да закрепнам. Џејк е во болница веќе седум недели и цел живот ќе треба да пие лекови. Луѓето треба да бидат свесни дека еден мал вирус може да ги чини живот. И, јас не му го спасив животот на Џејк, туку тоа го направија хирурзите“.

majka-si-go-rizikuvala-zhivotot-za-da-go-spasi-sinot-koj-imal-hepatit-donirala-del-od-nejziniot-crn-drob-04.jpg
>
>