Македонците кои работат во Италија бараат дополнителна  авиолинија на WizzAir на релација Тревизо-Охрид

Македонците кои работат во Италија бараат дополнителна авиолинија на WizzAir на релација Тревизо-Охрид

Министерот задолжен за дијаспора Џемаил Чупи испрати барање до Министерството за транспорт и врски за дополнителни авиолинии на релација Тревизо-Охрид откако престојуваше во Италија и имаше средби со претставници на здруженијата на нашинците во регионот на Венето.

– Нашите активни здруженија во регионот Венето изразија потреба од авиолинија Тревизо-Охрид, бидејќи во овој регион живеат и работат околу 25.000 граѓани од Република Македонија, од кои половината се од југозападниот регион: Дебар, Центар Жупа, Кичево, Охрид, Струга, Маврово-Ростуше, објави Чупи на Facebook.

Тој додава дека со реализација на барањето, ќе се „ублажат тешкотиите на нашите граѓани“.

– Врз основа на договорот за финансиска поддршка помеѓу Република Македонија и компанијата WizzAir реализиран во 2019 година за осум авиолинии, испратив барање до Министерството за транспорт и врски да се изнајдат можности за реализација на дополнителни авиолинии на релација Тревизо-Охрид, со цел да се ублажат тешкотиите на нашите граѓани, соопшти Чупи.

Најавата за ова наиде на позитивни коментари од нашите иселеници, според кои ова го бараат десет години, а првпат некој македонски функционер тоа јавно го објавува. Очекуваат и дека барањето ќе биде исполнето. (Крај)

извор: 24info.mk

Можеби ке те интересира




This will close in 0 seconds