Македонец фатен во Драч со 300 килограми кокаин!

 Македонец фатен во Драч со 300 килограми кокаин!

Во Драч, Албанија биле откриени и запленети околу 300 килограми кокаин, скриен во кутии со логоа на Чикаго Булс, Пари сен Жермен и Диор, при во контрола на македонски камион кој превезувал железо, објави албанската полиција на официјалниот Фејсбук профил.

Информацијата ја пренесе срспката РТС, но е објавена и на официјалниот фејсбук профил на албанската полиција.

Дрогата била сокриена во камион со македонски ознаки, кој требало да замине за Италија. Како што информираат од албанската полиција, со камионот управувал македонскиот државјанин 40-годишниот Н.А. кој веднаш е уапсен.

Кокаинот бил спакуван во пакети со лого на светски познатите брендови „Чикаго Булс“, „Кензо“, „Диор“, како и под логото на францускиот фудбалски гигант ПСЖ.

x