Македонија доби потврда од Фајзер: Првите вакцини против коронавирусот пристигнуваат во феваруари

 Македонија доби потврда од Фајзер: Првите вакцини против коронавирусот пристигнуваат во феваруари

Македонија во февруари ги добива првите дози на Фајзер вакцината, потврди Министерството за здравство.

„Денеска попладне е постигнат директен договор со компанијата, а количина ќе биде позната во текот на следните недели. Следните дози од вакцината на Фајзер ќе пристигнат во март и април. Министерството за здравство продолжува разговори за обезбедување вакцини и преку преговори со земјите членки на ЕУ како и преку Ковкакс механизмот од каде се очекува распоредот и датумот за дистрибуција на првите количини. Ова е одлична вест за сите граѓани и прв чекор кон конечна победа над пандемијата“’, стои во соопштението.

Министерството информира дека во јануари се очекуваат и фрижидерите за складирање на овие вакцини и со тоа македонскиот здравствен систем ќе биде целосно подготвен за вакцинацијата.