Македонија го совлада Косово на еден чекор до Европското првенство

Македонија го совлада Косово на еден чекор до Европското првенство

Македонската фудбалска репрезентација го победи Косово со резултат 2:1 и е на еден чекор до пласман на Европското првенство.

Избраниците на селекторот Игор Ангеловски заслужено стигнаа до триумфот, поведовме со автоголот на Кололи во 16. минута, а гостите израмнија тринаесет минути подоцна по недоразбирањето на Велковски и голманот Димитриевски.

Сепак, токму Велковски ни ја врати предноста во 33. минута, а тој резултат остана и до крајот, па Македонија се избори за место во финалето на својата група во Лигата на нации.

Противник ќе ни биде селекцијата на Грузија

Можеби ке те интересира




This will close in 0 seconds