• 12/08/2020
 Македонија и Охрид ќе испратат помош за Нови Пазар

Македонија и Охрид ќе испратат помош за Нови Пазар

loading...
Advertisement

На иницијатива на заменик министерот за политички систем и односи меѓу заедниците, Неџад Мехмедовиќ и градоначалникот на Охрид, Константин Георгиевски, на следната седница на Советот на општина Охрид ќе биде предложена точка за испраќање помош за градот Нови Пазар, како знак на солидарност во борбата против пандемијата на Ковид 19, во која се наоѓа овој најпогоден град во Република Србија.

Двата прекрасни града кои се на листата на заштитни подрачја на УНЕСКО се во процедура на збратимување од 2019 година. Во текот на месец август 2019 на седница Советот на општина Нови Пазар се изгласа Одлука за збратимување на градот со општина Охрид. Во текот на годината се очекува општина Охрид да ја донесе одлуката за збратимување со општината Нови Пазар, со што овие два града и формално ќе ја зацврстат меѓусебната соработка.

Можеби ке те интересира