
Македонија ја елиминира Италија и оди во финале против Португалците
Фудбалската репрезентација на Македонија го елиминира европскиот првак Италија (0-1) во баражот за пласман на Светското првенство во Катар. Херој е Александар Трајковски кој постигна во 90.минута. Одиме во финале, против Португалија во Порто, на чекор до мундијалот.