• 27/09/2020

Македонски автобус се преврте во Србија, 12 лица се повредени

 Македонски автобус се преврте во Србија, 12 лица се повредени
loading...
Advertisement

Едно лице е тешко повредено, а 11 се полесно повредени во сообраќајна несреќа на автопатот Прокупље – Блаце, кај Белољин, кога околу 10 часот се преврте автобус од Северна Македонија, кој превезувал патници до Копаоник, јавува РТС.

Според првичните информации, едно лице е тешко повредено и е пренесено во болница во Прокупље. Единаесет лица со полесни повреди и се згрижени во Здравствениот дом во Блаце.

-Екипата за Итни случаи на нашиот здравствен центар веднаш излезе на теренот, им помагна на повредените и во тек е нивна згрижување, велат од Здравствениот дом во Блаце.

Засега не е позната причината за несреќата, а овој пат, на кој има чести сообраќајни несреќи, е во фаза на реконструкција од минатиот месец.