Македонски работник загина во Италија

Македонски работник загина во Италија

Иселеник од Македонија загина во несреќа при работа, во саботата во провинцијата Пјаченца во Северна Италија.

Трагедијата длабоко го потресе селото Сончино каде што во раните попладневни часови животот го загуби Златко Георгиев (52) авто-превозник, згмечен од портата на фармата каде што дошол да достави храна.

Македонецот, кој работел за фирмата ГИ.МА. од  Фиоренцула д’Арда, каде живеел со семејството, починал на самото место на несреќата, иако веднаш стигнала екипа на итната помош.
Истрагата за смртта на Георгиев сега се во рацете на карабинерите од Сончино, иако нема сомнеж дека станува збор за несреќа, но ќе треба да се расветлат причините поради кои се случила трагедијата.

Можеби ке те интересира




This will close in 0 seconds