• 21/09/2020

Малезија на богатите земји им врати 3.737 тони отпад на нивен трошок

 Малезија на богатите земји им врати 3.737 тони отпад на нивен трошок
loading...
Advertisement

Малезија им вратила на богатите земји 150 контејнери со пластичен отпад и порача дека нема да се претвори во „светска депонија на ѓубре”.

Откако во 2018 година Кина го запре поголемиот дел од увозот на отпад, овој регион беше преплавен со пластика од развиените економии како САД и Велика Британија, јавија француските медиуми.

Многу кинески компании кои се занимаваат со рециклирање, имено, по забраната се преселија во Малезија заради што во оваа земја дојде до недозволени испораки на огромни количества пластика.

Владите ширум светот сега ја враќаат илегално увезената пластика, а министерката за заштита на животната средина Јео Би Јин денеска изјави дека Малезија вратила 150 контејнери што превезувале 3.737 тони отпад во различни земји, вклучувајќи ги Франција, Велика Британија и САД.

Земјите кои испраќале отпад морале да ги покријат трошоците за враќање на контејнерите.

-Не сакаме за тоа да дадеме ниту паричка. Кога некој незаконски го фрла своето ѓубре во вашата земја, нема вие да плаќате за тоа да се врати назад, рече Јин.