Малолетник со „мерцедес“ се забил во „сканија“ кај Струга

Малолетник со „мерцедес“ се забил во „сканија“ кај Струга

На 10.09.2021 во 08.00 часот во Струга на магистрален пат А2 Струга-Ќафасан во близина на каменолом се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко моторно возило „мерцедес” со албански национални ознаки, управувано од 16 годишен малолетник од Р.Албанија, и товарно моторно возило „сканија” со приколка со беровски регистарски ознаки, управувано од Б.О.(63) од Велес.

По незгодата малолетниот возач е пренесен во болницата „Св.Еразмо Охрид” каде од доктор му се констатирани тешки телесни повреди.

Увид на лице место извршила екипа од Полициска станица Струга.

Можеби ке те интересира




This will close in 0 seconds