Маричиќ: СДСМ останува најдобриот избор на граѓаните

 Маричиќ: СДСМ останува најдобриот избор на граѓаните

Секретарот за меѓународна соработка на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија и актуелен министер за правда Бојан Маричиќ денес е помеѓу граѓаните на општина Струга, заедно со пратеникот во Собранието на РСМ Јован Митрески и раководството на ОО СДСМ Струга.

На маалската средба имаше можност од локалното население да слушне што е реализирано, што бараат и кои се потребите на жителите на оваа населба.

“ Жителите на Струга се задоволни од досега реализираното, но секогаш може да се направи нешто повеќе. Затоа и овој пат ќе го понудиме најдоброто. Ќе понудиме концепт кој што води напред, концепт кој што дава резултати. СДСМ секогаш со и за граѓаните, отворено , транспарентно , отчетно. Тоа е нашиот пристап, само така умееме и можеме.” – рече Бојан Маричиќ.

Секретарот за меѓународна соработка на СДСМ потсети на сите досегашни проекти реализирани изминатите 4 години и на концептот ,,парите назад кон граѓаните”.

Маричиќ: ,,Дека се грижиме за сите доказ е и новиот Закон за отпис на камати, со кој им помагаме на најранливите категории сограѓани, да ги вратат долговите кон јавните институции”.

Посетата Маричиќ ја искористи и одржа работен состанок со раководството на Општинската организација на СДСМ Струга на која се дефинираа идните насоки за теренските активности, се информираше за текот на внатрепартиската постапка за кандидирање на кандидати за градоначалник и советници на СДСМ, како и за моменталните случувања дома и на меѓународен план.

>
>