Марихуана и бела прашкаста материја пронајдени кај две лица од Струга

 Марихуана и бела прашкаста материја пронајдени кај две лица од Струга

Ноќеска во 01.00 часот, полициски службеници од ОВР Кичево, од слобода лишиле две лица од Струга на возраст од 34 и 23 години.

loading…

При извршен преглед на патничко возило „Мерцедес“, со струшки регистарски ознаки, на магистралниот пат Кичево-Охрид, кај едното лице била пронајдена и одзедоа марихуана и бела прашкаста материја, а кај другото била пронајдена и одземена банкнота со остатоци од бела прашкаста материја. – информира СВР Охрид.

По целосно документирање на случајот, ќе биде поднесена соодветна пријава, соопшти полицијата.