• 17/09/2020

Марихуана пронајдена кај 19-годишен жител на струшка Драслајца

 Марихуана пронајдена кај 19-годишен жител на струшка Драслајца
loading...
Advertisement

На 28-ми јануари 2020 година, во 01:55 часот, на улицата „Маршал Тито“ во Струга, полициски службеници од Полициската станица од Струга го лишиле од слобода 19-годишниот Д.Л. од струшкото село Драслајца.

– При преглед на патничко возило кое го управувал, била пронајдена и одземена марихуана. Тој бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава, информираат од МВР.