Марија Шерифовиќ и Џејла Рамовиќ кријат дека се во врска, но овие детали ги издадоа!

 Марија Шерифовиќ и Џејла Рамовиќ кријат дека се во врска, но овие детали ги издадоа!

Српските медиуми пишуваат дека Марија Шерифовиќ и Џејла Рамовиќ се во тајна врска.

Се повеќе се шпекулира дека постои тајна врска меѓу Марија и Џејла. Победничката во „Ѕвездите на Гранд“ кога и да е во Белград е сместена во домот на Шерифовиќ. Иако двете велат дека ги врзува силно пријателство, српските медиуми пишуваат дека има нешто повеќе меѓу нив, а за тоа постојат и одредени докази.

Така во видеото која Марија го снимаше во својот дом по хуманитарниот концерт на кој гостуваше и Џејла се гледаат нејзините чизми кои ги носеше на доделувањето на дипломата на нејзината сестра во Мостар.

Како што пишува српски „Курир“  таа на концертот пристигнала од Горажда, но се виделе и претходно кога Марија во Мостар го испратила својот возач да ја донесе Џејла во Белград.

Исто така, менторката и ученичката беа на зимување во декември 2020 година. Вниманието го привлече „Инстаграм стори приказната“ од хотелската соба, а на кое се гледаат два пара пижами. Џејла дури објави и заедничка фотографија на која ја носи пижамата, но брзо ја избриша. Нејзините фанови ја зачуваа фотографијата, а Марија веднаш реагираше. Таа истакна дека ја тера Џејла на скијање и затоа навратила во нејзиниот апартман.

>
>