Марк Вебер: Ред Бул ќе продолжи да доминира, Верстапен може да стане шампион на три трки пред крајот на сезоната

Марк Вебер: Ред Бул ќе продолжи да доминира, Верстапен може да стане шампион на три трки пред крајот на сезоната

Поранешниот Формула 1 возач Марк Вебер е уверен дека тимот на Ред Бул ќе ги освои двете титули оваа сезона.

– Ред Бул ќе продолжи да доминира во оваа лига. Нивниот болид работи одлично на секое ниво на потисна сила и на секаков вид гума. Тоа е како тенисер кој е добар на која било подлога или голфер кој е одличен во играње од секаков тип. Така, болидот на Ред Бул може се. Во моментов, Ред Бул има одговор на секој проблем, а Макс може да стане шампион пред предвиденото – на околу три трки пред крајот на сезоната. Добро знам дека на тимот му се допаѓа овој притисок, тие знаат да дадат резултати во такви услови. Донесуваат смели стратешки одлуки, се чувствуваат сосема слободни. Дајте им задача и тие само ќе ја завршат, изјави вебер.

Што се однесува до ривалството во Ред Бул, Вебер смета дека тоа е многу здраво.

-Ннавистина ми се допаѓа Серхио, но како што одминува сезоната, со текот на времето, Макс сепак ќе најде начин да продолжи да ја зголемува бодовната предност. Во Баку, Макс едноставно ги остави сите зад себе и извојува решавачка победа. Потоа имаше викенд во Канада – и без разлика на условите, дождот или сувата патека, и покрај сите тешкотии, Макс помина феноменален викенд, додаде Вебер.

Во Генералниот пласман во Формула 1 шампионатот Верстапен е лидер со 175 бодови, Серхио Перез исто така од Ред Бул е втор со 129, Леклер од Ферари е трет со 126.

Кај конструкторите, Ред Бул е прв со 304 бода, Ферари има 228, Мерцедес е трет со 188.  (МИА)

Можеби ке те интересира




This will close in 0 seconds