Масовни протести во Аргентина со барање повисоки плати

Масовни протести во Аргентина со барање повисоки плати

Илјадници незадоволни Аргентинци го блокираа центарот на Буенос Аирес за време на протести, барајќи од владата да ги зголеми платите и бенефициите за невработеност во услови на зголемени животни трошоци и слабеење на националната валута.

Економската криза во таа држава доведе до скок на бројот на сиромашни на 40 отсто од населението, додека годишната стапка на инфлација се движи околу 70 отсто.

„Не можеме да продолжиме со оваа стапка на инфлација, секој ден губиме дел од нашите плати“, рече Пабло Мојано, шеф на синдикатот CGT, кој главно ги застапува државните службеници.

Цените на прехранбените производи во продавниците секојдневно се менуваат поради галопирачката инфлација која само минатиот месец порасна за 7,4 отсто, што е најголем месечен пораст во изминатите две децении.

Можеби ке те интересира




This will close in 0 seconds

Generated by Feedzy