Маж осуден на пет години затвор затоа што заразил осум лица со коронавирус

 Маж осуден на пет години затвор затоа што заразил осум лица со коронавирус

Маж во Виетнам е осуден на пет години затвор затоа што го пренел коронавирусот на други лица. Со тоа, осудениот ги прекршил строгите мерки за карантин, објавија државните медиуми.

Ле Ван Три (28) е осуден за „ширење опасна заразна болест“ во јужната провинција Ка Мау.

Три се вратил во Ка Му од градот Хо Ши Мин, со што го прекршил правилото за карантин од 21 ден.

Тој заразил осум лица, од кои едно починало по еден месец лекување, пренесува „Ројтерс“.

>
>