Маж се поли со бензин и се самозапали на една од најпознатите улици во Москва (ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО)

 Маж се поли со бензин и се самозапали на една од најпознатите улици во Москва (ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО)

Маж вчера се поли со бензин и се самозапали на една од најпознатите улици во Москва. Тој во моментов е во сериозна состојба.

Случаен минувач успеал да го сними инцидентот, додека полицијата заедно со другите минувачи се обиделе да му помогнат на човекот. На видеото се гледа како работник фрла снег кон човекот за да изгасне пожар.

Медиумите наведуваат дека инцидентот не е поврзан со протестите што беа одржани за поддршка на Навални. Извор од службата за итни случаи наведува дека мажот имал проблеми со долгови, додека други наведуваат дека страдал од ментални нарушувања.

Во октомври, се случи сличен инцидент кога еден човек се самозапали во Санкт Петербург носејќи натпис: „Среќен роденден, господине претседател“.

x