Маж во Хрватска почина по примената вакцина на „АстраЗенека“

Маж на возраст од 33 години почина во Хрватска 12 дена откако се вакцинирал со „АстраЗенека“ против Ковид-19, поради што Хрватската агенција за лекови веднаш покрена истрага. Тој се вакцинирал на 5 март, а првите два дена имал покачена температура, но потоа се било во ред.
Десетина дена потоа тој имал болки во стомакот, а магнетната резонанца покажала крварење. Бил примен во болницата „Ребро“, каде е утврдено крврење во надбубрежната жлезда. Не е јасно дали компликациите кај сега починатиот имаат врска со вакцинирањето, но таа поврзаност не е исклучена.
>
>