Мбапе пред Меси и Роналдо: Најмлад фудбалер кој стигнал до 100. гола во ЛШ

Мбапе пред Меси и Роналдо: Најмлад фудбалер кој стигнал до 100. гола во ЛШ

Францускиот фудбалер Килијан Мбапе стана најмладиот фудбалер во историјата на Лигата на шампионите кој стигнал до 100. гола.

Фудбалерот на ПСЖ тоа го стори со голот во победата над Галатасарај (5:0) во последното коло од групната фаза.

Мбапе на вечната листа се најде пред Лионел Меси и Кристијано Роналдо. Тој до јубилејната 100-ка дојде на 20 години и 11 месеци. Меси до ваквиот рекорд стигна на 22 години и шест месеци, додека Роналдо имаше 22 години и 11 месеци кога се радуваше на јубилејот.

Можеби ке те интересира




This will close in 0 seconds