Мечка нападнала човек во горнореканското село Бродец

Мечка нападнала човек во горнореканското село Бродец

Мечка нападнала и повредила човек на возраст од 55 години во гостиварското село Бродец, пишува локалниот портал Гостивар Прес.

Немилиот настан се случил денеска околу 13 часот и 30 минути и е пријавен во полиција. Според извори на порталот, мечката се нафрлила врз човекот, го фатила за нога и го влечела, а се спасил благодарение на овчарски кучиња.

На нападнатиот, кој не бил од селото, му била укажана лекарска помош, пишува Гостивар Прес.

Планинското село Бродец се наоѓа на околу 35 километри од Гостивар, на надморска височина од околу 1.450 метри, во близина на изворот на реката Радика.

Можеби ке те интересира




This will close in 0 seconds