Мечка влезе во град во Јапонија и нападна луѓе (ВИДЕО)

 Мечка влезе во град во Јапонија и нападна луѓе (ВИДЕО)

Мечка влезе во населено место во Јапонија и повреди четири лица, по што била убиена, објави јапонската телевизија НХК.

Жител на градот Сапоро, каде оваа година треба да се одржи олимпискиот маратон и олимписката трка во брзо одење, бил прв кој во раните утрински часови ја забележал мечката на пат.

Веднаш потоа полицијата на островот Хокаидо напиша на Твитер дека започнала потрага по мечката.

– Ако забележите мечка, бидете многу внимателни, веднаш напуштете го подрачјето и јавете се на 110, предупреди полицијата.

На снимките кои ги објави Хокаидо Њуз се гледа како мечката трча низ улица, преминува една сообраќајница и гребе на влезната врата од касарна, а потоа бега.

Полицијата подоцна соопшти дека мечката нападнала тројца мажи, од кои еден е потешко повреден, и една 80-годишна жена. Двајца мажи од локалното ловечко друштво ја застрелале мечката во близина на аеродромот Сапоро.

x