Mеѓународната еколошката акција за чистење на дното на Oхридското Eзеро

Mеѓународната еколошката акција за чистење на дното на Oхридското Eзеро

Во сабота на 30 април 2022 година со почеток во 10 часот ќе се организира голема еколошка акција за чистење на дното на Охридското Езеро од цврст отпад.

Акцијата ја организира нуркачкиот центар „Амфора“ како дел од финалните активности на проектот „Охрид ЕКО 2022“. Според најавите, во чистењето на езерото се очекува да се вклучат околу 80 нуркачи од нашата држава, од Србија и од Хрватска.

Во еколошката акција ќе земаат учество нуркачи од Република Македонија како и нуркачи од странство. За да можеме на време да започнеме со акцијата, нуркачите да бидат на Градското пристаниште во 09:00 часот со комплетна нуркачка опрема. Во недела, на први мај 2022 година, од 10:30 часот за сите учесници, Нуркачкиот центар „Амфора“ од Охрид ќе организира нуркање на подводниот археолошки локалитет „Плоча Миќов град“, информираат од нуркачкиот центар.

Сите заинтересирани нуркачи, дополнителни информации во врска со пријавување можат да ги добијат на e-mail адресата sekuloski@yahoo.com.

Настанот е поддржан од Општина Охрид.

OhridNews

Можеби ке те интересира




This will close in 0 seconds