Меркел призна дека коронавирусот во Германија излезе од контрола

 Меркел призна дека коронавирусот во Германија излезе од контрола

Германската канцеларка Ангела Меркел призна дека ситуацијата во таа земја, во борбата против коронавирусот, излегла од контрола.

Како што пренесува „Билд“, Меркел на видео конференција со шефовите на коалицијата “CDU/CSU”, како во Бундестагот, така и во покраинските собранија, отворено говорела за неуспехот на власта да се справи со пандемијата.

„Ни излезе ситуацијата од контрола“, изјавила германската канцеларка.

Таа истакна дека бројот на новозаболени мора да се намали на 50 на 100 илјади жители, а констатирала дека во Германија сите се радуваат кога е под 200. Меркел исто така признала дека во овој момент здравствените служби немаат способност да ги следат контактите на заразените.

„Сто пати го поставив прашањето зошто не можеме да ги забраниме патувањата“, наводно рекла Меркел и додала дека секогаш го добива истиот одговор – дека Германија е слободна земја, дека може да се ограничи радиусот на движење но не и патувањето на граѓаните во странство.

Што се однесува до олабавувањето на мерките, Меркел истакнала дека моментално не може да се зборува за тоа.

„Ќе мора поинаку да се отвораме од тоа што беше одлучено – најпрвин училиштата, а потоа рестораните“, објаснила канцеларката Меркел.

Инаку, во Германија во последните 24 ласа се регистрирани 6,408 случаи на коронавирус, а како последица на вирусот починаа 903 лица, соопштија од Институтот за инфективни болести „Роберт Кох“.

>
>