Мерко денес во посета на неколку градежни компании во градот

Мерко денес во посета на неколку градежни компании во градот

Свесни сме за важноста на градежниот сектор во економскиот развој на нашиот град. Затоа, денес
посетив неколку градежни компании во градот и имав можност да ја видам нивната работа
одблизу и да ги слушнам нивните барања и потреби.

Општина Струга за време на моето раководство беше силен поддржувач на овој сектор. Со нови
детални урбанистички планови, како што се Урбаните единици 6, 7 и 8, имаме за цел да
создадеме нови простори за живеење за нашите граѓани.

Преку Дигиталната општина (Е-општина) ќе го скратиме времето за аплицирање и добивање
градежни дозволи. Целата процедура ќе се прави онлајн и од дома, без да губите време и да
чекате на ред. Како резултат на тоа, ние директно и индиректно придонесуваме за растот на овој
сектор.

Со анализа на фактот дека Струга има недостаток од хотелски капацитети и во согласност со
барањата на УНЕСКО и во согласност со нашата зелена агенда, ќе создадеме нови зони наменети
за овие објекти.

Струга е предодредена да биде туристички лидер во регионот и ние ќе го направиме тоа
возможно изјави Мерко.

Можеби ке те интересира




This will close in 0 seconds