Мерко и Истрефи влегуваат во втор круг на локалните избори во Струга

Мерко и Истрефи влегуваат во втор круг на локалните избори во Струга

Општина Струга оди во вториот круг од Локалните избори 2021 год. Битката за градоначалничката фотелја ќе ја бијат кандидатот за градоначалник Рамиз Мерко од ДУИ со овиени 10.956 гласови и Идри Истрефи од Алијансата на Албанците и Алтернатива со освоени 9.421 гласови. Ова е според последните неофицијални податоци од Државната изборна комисија.

Кандидатот на СДСМ Димче Шипинкаровски има освоено 4.352 гласови, кандидатот на БЕСА Абдула Ќазимоски освои 486 гласови. Кандидатот на ДПА Самир Муртезоски освои 282 гласачи, кандидатот на ТМРО Насто Палиоски освои 432 гласа а кандидатот на ДЕМОКРАТИ Лубе Петревски освои 174 гласа.

Резултати за Совет на Општина Струга – извор ДИК

Можеби ке те интересира




This will close in 0 seconds