Мерко во посета на СОУ ,,Ибрахим Темо“, ја следи реконструкцијата на дел од училиштето

 Мерко во посета на СОУ ,,Ибрахим Темо“, ја следи реконструкцијата на дел од училиштето

Градоначалникот Мерко денеска беше во работната посета на Средното општинско училиште “Др. Ибрахим Темо“ во Струга, каде беше пречекан од директорката на училиштето г-ѓа. Бесиме Јонузи.

,,Целта на оваа посета беше увид во реконструкција на некои многу важни делови од ова училиште, како и проектите што се во тек на завршување, како што се: Конструкција на котелот и новиот објект каде што ќе се постави котелот, надворешна фасада, 25 реновирани училници со нови подови и тавани, мијалници во училниците, опремување на предметни кабинети со работни алатки, како што се микроскоп, телескоп, пијано, виолина, гитара, озвучен систем низ целата зградата, кој ќе се користи не само за звонче, туку и за давање известувања на сите истовремено и на три јазици и поставување на смарт табли, професионални печатари. “ -соопштија од Општина Струга.

Од таму додаваат дека оваа инвестиција ќе им обезбеди на учениците и училишниот персонал подобри услови за работа.

x