Мерко:Во заштитениот појас на Струга  не постои ниту една дивоградба

Мерко:Во заштитениот појас на Струга не постои ниту една дивоградба

Денес градоначалникот Рамиз Мерко се сретна со Комисијата за управување со светското природно и културно наследство во Охридскиот регион

На иницијатива на министерот за животна средина и просторно планирање, денес во салата на Советот на Општина Струга се одржа состанок за презентација на Нацрт – Извештајот за стратегиска оцена на животната средина за планот за управување со природното и културното наследство на Охридскиот регион за 2019-2028 година.

Градоначалникот Мерко за време на средбата изјави дека во заштитениот појас на Општина Струга не постои ниту една дивоградба, за разлика од Општина Охрид.
Ги отфрламе сите шпекулации од поединци во централната власт и некои медиуми дека Општина Струга има финансиски проблеми.Општина Струга е во добра финансиска позиција и има можности за инвестиции, така да централната власт треба да не остави да инвестираме и да продолжиме да ја развиеме Струга.

„Денес се при крај над 30 големи проекти како што се изградба на инфраструктура за канализација, асфалтирање на патишта, паркинзи, водоснабдување, и имаме волја и можност да ги удвоиме ваквите проекти“ – изјави градоначалникот Мерко.

Извор: Канцеларија за односи со јавноста, Општина Струга

Можеби ке те интересира




This will close in 0 seconds