Меси купи луксузен апартман во Мајами за 7.3 милиони долари

 Меси купи луксузен апартман во Мајами за 7.3 милиони долари
Според пишувањето на Marca, славниот фудбалер Лео Меси купил луксузен апартман во Мајами за 7.3 милиони долари.

Станува збор за наместен стан во уникатната зграда Sunny Isles, со четири спални соби и четири бањи, со поглед на море, северно од Мајами Бич.

Станот е малку поголем од 500 метри квадратни, со тераса од 200 метри квадратни. Има базени, теретана, соба за јога, голема кујна, вински подрум.

Марк Пордс и Адам Кофман од компанијата Pordes Residential ги потврдија деталите за The Real Deal за продажбата на станот. 

Купопродажниот договор е склучен преку компанијата „Celromalina LLC“ со која аргентинскиот фудбалер од претходно има соработка при купување недвижности.

Меси веќе поседува еден луксузен апартманот во Мајами, сместен во познатата зграда „Porshe Design Tower“ за кој фудбалерот плати пет милиони евра.

>
>