Месна Самоуправа Подгорци: Известување

Месна Самоуправа Подгорци: Известување

Денес во просториите на месната заедница Подгорци се одржа состанок за решавање на долгогодишниот проблем во селото а тоа е одржување на депонијата на соодветен и современ начин.

На овој состанок присуствуваа и нашите ценети сограѓани и жители од село Подгорци кои се членови на “Хуманитарно Друштво Подгорци – Дијаспора Швајцарија” и “Дијаспора Подгорци Италија”, се со цел изнаоѓање на решение, со што се донесе одлука за набавка на соодветен камион за собирање на смет (ѓубре).

Исто така успеавме да развиеме планови за набавка на ваков вид на камион и се согласивме дека овој проект е многу важен за нашето населено место за ефикасно одржување на депонијата и чиста околина за сите.Благодарни сме на овие здруженија за нивната голема заинтересираност за собирање на донации кои се значителни за остварување на овој проект.

Исто така, сакаме да ја искористиме оваа прилика да ги поканиме сите заинтересирани жители на нашето Подгорци но и околните села, кои се исто така засегнати од овој проблем доколку имаат можност и желба за помош, да донираат за побрзо реализирање на набавката на овој тип камион, со кој што ќе се решат проблемите со депонијата и истата ќе биде транспортирана и нема да се трупа на селската депонија која што претсавува лоша слика во нашите населени места.

Донациите може да ги извршите во просториите на месната заедница каде што ќе се доделува соодветен документ за нивната донација а може да се побараат и дополнителни информации доколку има потреба од истите.Лице за контакт е Насер Реџоски.

Се надеваме дека овој проблем ќе го решиме заедно и конечно ќе ставиме крај на овој горчлив начин на справување со депонијата.

Со почит!

Месна Самоуправа Подгорци

Можеби ке те интересира




This will close in 0 seconds