Метеоролозите најавуваат драстична промена- Услови за снег во Македонија

 Метеоролозите најавуваат драстична промена- Услови за снег во Македонија

До крајот на денов ќе има повремен локален дожд и услови за локална појава на грмежи. Максималните дневни температури ќе се искачуваат во интервалот од 21 до 29 степени, соопштува метеорологот Славчо Попоски.

Утре ќе имаме позначителна облачност а во попладневните часови, а особено навечер и во текот на ноќта кон четврток и во четврток претпладне ќе има повремени локални врнежи од дожд и услови за ретка појава на грмежи.

Утре во текот на денот ќе дува умерен, повремено на некои места засилен ветер од југозападен правец, во текот на ноќта кон четврток и во четврток ќе дува умерен до засилен ветер од северен и од северозападен правец и истиот ќе услови голем пад на температурите на воздухот и тоа под влијание на постудена воздушна маса од север.

Токму поради ова на највисоките планински места ќе има услови за провејување на снег.

Утре максималните дневни температури на воздухот ќе се искачуваат во интервалот од 20 до 27 степени, во Скопје истата ќе се искачи до околу 24 степени и ќе има услови за повремени врнежи од дожд, особено утре попладне и во текот на ноќта кон четврток.

Во четврток максималната дневна температура ќе се искачува во интервалот само од 15 до 23 степени.

Стабилизирање на времето, и престанотжк на врнежите се очекува од четврток доцна попладне и во вечерните часови со што ќе следува период на претежно стабилно и суво време со значително пониски минимални температури на воздухот кој ќе се спуштаат во интервалот од 3 до 12 степени.