Метеролозите најавуваат врнежи од дожд и снег

 Метеролозите најавуваат врнежи од дожд и снег

Времето денеска ќе биде претежно облачно со повремени врнежи од дожд, а на планините од снег. Пообилни врнежи ќе има во западните и северните делови. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од јужен правец.

Како што информираат од УХМР, минималната температура ќе биде во интервал од 2 до 7, а максималната ќе достигне од 7 до 14 степени.

Во Скопје облачно време со повремени врнежи од дожд, особено попладне и во текот на ноќта. Ќе дува слаб до умерен јужен, а попладне северозападен ветер. Минималната температура ќе биде околу 5, а максималната ќе достигне до 8 степени.

Утре ќе се задржи облачно време со врнежи од дожд, а на планините од снег. Повремено врнежите ќе бидат пообилни, на места и поројни (локално над 20л/м2). Поради продор на постудена воздушна маса врнежи од снег ќе има и на некои повисоки места, особено во западните делови од земјава. На планините ќе се формира нова снежна покривка, со што ќе се зголеми веќе постоечката.

Од понеделник времето ќе биде претежно стабилно, освен во крајните западни делови, каде ќе има услови за повремен дожд. 

>
>