
Мицоски во Струга за поддршка на Истрефи
Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски денес на средба со раководството на Алијанса на Албанците во Струга. Најави дека ќе го мотивираат нивното членство во Струга, во вториот круг целосно да го поддржат кандидатот за градоначалник од Алијанса на Албанците, Идри Истрефи. Мицкоски ја повтори договорената поддршка за кандидатите на Алијанса и Алтернатива насекаде низ државава.

„Ќе дадеме сè од себе да го мотивираме не само членството, туку и поддржувачите, но и граѓаните на Струга. Ние гласовите во џеб не ги чуваме. Цениме дека програма која ја понуди кандидатот од Алијанса за Албанците овде во Струга, за стружани е многу поквалитетна, поиздржана и потемелна од таа која ја понуди актуелниот градоначалник, за кој што Зоран Заев пред една година знаете што кажуваше, па сега ја промени таа изјава…“, рече Мицкоски.
„Ние поддршка бараме не само од нашиот коалиционен партнер, туку и од сите граѓани на Струга, без разлика на нивната политичка, партиска и верска припадност. Ние имаме една коалиција да ја ослободиме Струга. Имаме една коалиција со сите граѓани од Струга, да ја промениме оваа криминална власт на Рамиз Мерко и неговиот ортак и на 31 октомври да славиме голема победа за Струга“, рече Идри Истрефи- кандидат за градоначалник на Алијанса за Албанците.

Инаку, наспроти најавите на Мендух Тачи дека во вториот круг ДПА насекаде ќе ѝ даде поддршка на ДУИ, кандидатот за градоначалник на Струга од ДПА, Самир Муртезоски, најави дека во вториот круг ќе застане зад Идри Истрефи од Алијанса. Поддршка за Истрефи најави и огранокот на БЕСА.
извор:Алсат М/ Мики Трајковски