• 28/09/2020

„Мидл ист ај“: Саудискиот престолонаследник Бин Селман наредил приведување на најмалку 20 принцови

 „Мидл ист ај“: Саудискиот престолонаследник Бин Селман наредил приведување на најмалку 20 принцови
loading...
Advertisement

ЊУЈОРК (АА) – Постојат тврдења дека по наредба на престолонаследникот Мухамед бил Селман во Саудиска Арабија се приведени најмалку 20 принцови, пренесува Агенција Анадолија (АА).

Според веста што ја објави порталот „Мидл ист ај“ (Middle East Eye), по приведувањето на Ахмед бин Абдулазиз (принц Ахмед), братот на кралот Селман бин Абдулазиз, престолонаследникот Мухамед бин Селман наредил да бидат приведени најмалку 20 лица од кралското семејство под обвинение за подготвување „обид за државен удар“.

Се дознава дека меѓу приведените се принцот Најеф бин Ахмед бин Абдулазиз, синот на принцот Ахмед, поранешниот престолонаследник Мухамед бин Најеф и неговиот полубрат Наваф.

Во веста се вели дека престолонаследникот, принцот Мухамед, ги привел принцовите обвинувајќи ги дека подготвувале пуч и за таа цел се состанувале со странски претставници, меѓу кои имало и Американци. Во текстот се вели дека на наредбата за приведување се наоѓа и потписот на кралот Селман.

Во веста се тврди дека поранешниот престолонаследник, принцот Најеф, се пожалил дека му е нанесена неправда со тоа што му е прекинат кралскиот додаток.