Миење на месото под чешма сепак е бескорисно? Нанесува повеќе штета отколку корист – веднаш променете ја навиката

 Миење на месото под чешма сепак е бескорисно? Нанесува повеќе штета отколку корист – веднаш променете ја навиката

Месото може да има многу бактерии и вируси, а тоа е една од главните причини поради која луѓето го мијат.

Во некои земји дури користат и киселини како лимон или оцет. Различни студии и лабораториски тестови покажуваат дека миењето сурово месо со обична вода од чешма не е ефикасно во отстранување на бактериите и всушност може да направи повеќе штета отколку корист, затоа што патогените вируси се шират на работната површина, вклучително и на другите намирници.

Но, испирањето со киселина како лимон и бел оцет може да го намали бројот на бактерии, па затоа би било добро да започнете со оваа практика, ако веќе не сте ја правеле, советува „Healthline“.

Сепак, покрај испирање, важни се и неколку други работи – добро исчистете ги работните површини, не оставајте друга храна во близина на мијалникот каде што ќе го исплакнете месото и задолжително печете го на висока температура докрај.

x