Милан има за што да жали, Сити недораснат за ПСЖ, шок за Реал Мадрид!

 Милан има за што да жали, Сити недораснат за ПСЖ, шок за Реал Мадрид!

Милан пропушти голема шанса против Атлетико Мадрид и загуби во последните минути со 1-2, додека ПСЖ беше подобар од Манчестер сити со 2-0. Додека најшокантниот пораз го доживеа Реал Мадрид од Шериф Тираспол со 1-2.

Милан играше добро и водеше со 1-0 со голот на Леао, но потоа Кеси доби црвен картон, по што се сврте натпреварот во корист на гостите.

Голот за израмнување беше постигнат преку Антоан Гризман во 84. минута, по што Луис Суарез во судиското надополнување погоди за 2-1 од пенал.

ПСЖ беше одличен против Манчестер сити и победи со головите на Геј и Меси, додека Реал Мадрид загуби на домашен терен од Шериф Тираспол со 1-2.

>
>