Милановиќ и опозицијата го обвинуваат Пленковиќ за кршење на хрватскиот Устав

Милановиќ и опозицијата го обвинуваат Пленковиќ за кршење на хрватскиот Устав

Хрватскиот претседател Зоран Милановиќ и дел од опозицијата денеска го обвинија премиерот Андреј Пленковиќ дека го прекршил Уставот бидејќи до Парламентот доставил предлог-одлука за обука на украинските војници во Хрватска.

Милановиќ, пред новинарите во Задар, изјави дека Саборот не е надлежен да одлучува за учеството на хрватската армија во мисијата за воена помош на Европската Унија за поддршка на Украина.

– Парламентот може да го промени Уставот и тогаш работата е поинаква. Исто така, Саборот може, во овој случај, да се согласи со теророт на Пленковиќ. Ова сега е терор, ова е малтретирање, рече Милановиќ, повторувајќи ја својата претходна оценка дека станува збор за војна меѓу Америка и Русија . – Американците водат војна против Русија преку Украина, тоа мораме да го констатираме и ситуацијата е поопасна од кога било, додаде Милановиќ, пренесе регионалната телевизија Н1.

Тој, исто така, рече дека Хрватска според Уставот има „обврска да обезбеди безбедносна помош или да и помогне на членка на НАТО која е нападната“, иако и оваа помош не е апсолутна, а Украина не е членка на НАТО.

Претседателот на Хрватска претходно одби да го разгледа писмото од министерот за одбрана Марио Баножиќ со кое се бара негово одобрение за обука на украински војници во Хрватска, наведувајќи главно процедурални причини. Милановиќ и претходно рече дека остро се противи на таквата обука, оценувајќи дека на тој начин ќе се „доведе војната во Хрватска“.

По одбивањето од хрватскиот претседател, Владата денеска го испрати предлогот до Парламентот, што наиде на критики од повеќето опозициски партии. Тие посочуваат дека на овој начин се прекршува Уставот и оти Владата за ова одлучува со согласност на претседателот на државата.

Можеби ке те интересира




This will close in 0 seconds

Generated by Feedzy